Вествуд лансира колекција фустани за црвени килими

25 декември 2014

Холивудските дами за своите премиери најчесто одбираат свечени тоалети од познати модни куќи, па така Кејт Бланшет најчесто носи Армани, Џенифер Лоренс преферира да носи Прада, а не изостануваат ни креации од Ели Сааб, Версаче и Џамбатиста Вали. Вивиен Вествуд и покрај големата репутација на модната сцена, до сега не претставуваше голема конкуренција за своите колеги на црвениот килим, но од јануари таа ќе лансира фустани, специјално наменети токму за црвените килими.

Модната дизајнерка ја најави капсулната колекција со наслов „Gold Label Red Carpet“, инспирирана од работата на Чарлс Фредерик Ворт. Кирстен Данст веќе имаше чест да носи фустан од оваа колекција, која од јануари ќе биде во продажба, заедно со пролетната колекција „Gold Label“.

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Актуел