Ветувачки дизајнерски имиња за оваа година

22 април 2013
Нови дизајнерски имиња со иновативни идеи ќе внесат новитети во однос на комбинацијата на форми, бои и дизајни во светот на модата. Дефинитивно 2013 е ветувачка година кога е во прашања имагинацијата на младите модни дизајнери.

 

Клари Бароу

Младата модна дизајнерка за чие име се прогнозира дека допрва ќе стане препознатливо во модните кругови, своето деби го имаше во септември на модната недела во Лондон. Панк-стилот кој во една специфична форма го презентираше на своето премиерно појавување пред светската јавност, ја лансираше Бароу на врвот од листата на дизајнерски имиња за кои вреди да се отстапи внимание во модниот простор.

 

Еудон Чои

Корејскио дизајнер Еудон Чоу ја започна својата кариера во Сеул како моден креатор на машка облека. Со неговото доаѓање во Лондон, тој се преориентира кон креирањето на женска мода под етикетата RCA. Неговото појавување беше забележано во радарот на светската модна критика со поставувањето на новата колекција за сезоната пролет-лето 2013.

 

Мајкл Нелсон

Нелсон ја заинтригира љубопитноста на модните критичари со поставувањето на неговата уникатна едиција на луксузни чанти во чиј дизајн е инкорпорирана традиционална изработка на детали од различни светски култури.

 

Шахзад Мохаидин

Овој урбан Aнгличанец е дипломиран графички дизајнер што можеби ја објаснува геометриската поставеност на неговите дизајни. Неговата премиерна колекција за сезоната есен-зима 2012/13 ја постави на My-Wardrobe.com со што направи бум на интернет и во блого-сферата.

Објавено:
22 април 2013
Категорија: 
Актуел