Ви се допаѓа ли новиот принт и лого на „Барбери“?

6 август 2018

Култниот британски бренд „Барбери“ најавува нова ера. Додека сите се во исчекување на првата ревија на Рикардо Тиши, како наследник на Кристофер Бејли, од модната куќа пристигнаа други новитети.

Имено, после 20 години, „Барбери“ го менува логото, кое сега е поедноставено. Ова е првата промена од 1999 година кога беше тргнато “с“ од називот - од  Burberry's, во Burberry. Но, не е единствената. Со новото лого доаѓа и промена на препознатливиот кариран дезен, кој беше симбол на брендот.

 

A post shared by Burberry (@burberry) onAug 2, 2018 at 4:00am PDT

 

 

A post shared by Burberry (@burberry) onAug 2, 2018 at 3:00am PDT

 

Графичкиот дизајнер Питер Савил добил покана од Тиши да го создаде новиот принт и лого за само четири недели. Иако дизајнерот вели дека за таков проект се потребни барем четири месеци, го прифаќа предизвикот и новиот принт е претставен неодамна.

Се работи за монограм од иницијалите на основачот на брендот, Томас Барбери,а од боите доминираат потокаловата, беж и бела. Со ова се најавува новиот идентитет на брендот, под креативно водство на Тиши, а комплетниот резултат ќе го видиме овој септември во рамки на Лондонската модна недела. Разговорот помеѓу двајцата креативци е објавен и на социјалните мрежи на модниот бренд.

 

A post shared by Burberry (@burberry) onAug 2, 2018 at 2:29am PDT

 

 

A post shared by Burberry (@burberry) onAug 2, 2018 at 2:32am PDT

 

 

A post shared by Burberry (@burberry) onAug 2, 2018 at 2:34am PDT

Инаку, Питер е познат во светските кругови благодарение на музичките омоти за познати музичари, како и по тоа дека е креатор на актуелното лого на „Калвин Клајн“.

Реакциите за новите промени во „Барбери“ се поделени. Како вам ви се допаѓа новиот принт?

Објавено:
6 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
414 пати