Видео: Џенифер Лопез и Алекс Родригез предизвикаа „лудило“ на Капри

9 август 2018

Една од најпознатите двојки на светот, Џенифер Лопез и Алекс Родригез во моментов уживаат на Капри, па деновиве имавме можност да погледнеме и неколку фотографии од нивниот одмор.

Сосема нормално, и двајцата изгледаат прекрасно како и секогаш, а во чест на нејзините италијански пријатели – дизајнери, Џенифер Лопез речиси на сите прошетки носи креации на Долче и Габана.

Тоа беше случај и со белиот тантелен фустан во кој изгледа неверојатно, а во кој можевме да ја видиме низ улиците на Капри во друштво со нејзиниот сакан.

Заљубени, во друштво на нивните телохранители, тие уживаа низ улиците на Капри, посетувајќи локални продавници, пазари и ресторани.

На големо изненадување на сите, за време на вечерата во еден италијански ресторан, музичката дива ги израдувала присутните и му се придружила на бендот за заедно да ја изведат една од нејзините најпопуларни песни Let’s get loud.

Инаку, за време на нивниот одмор, тие уживаат на приватна јахта со која патуваат и ги посетуваат локалните места.

Погледнете дел од атмосферата на романтичниот италијански одмор на Џенифер и Алекс. 

 

Извор и фото: Дејли Мејл

Видео: madeincapri

Објавено:
9 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.521 пати