ВИДЕО:После 37 години, ET се врати за празниците!

29 ноември 2019

Досега змејчето од рекламата „John Lewis“ ги освои симпатиите на обожавателите на божиќни реклами ширум светот, а со тоа синџирот маркети беше на чекор да ја освои наградата за најдобра празнична реклама.

Но, „Скај“ очигледно ќе им ги помати сметките.

Имено, вчера излезе нивната празнична реклама, во која после 37 години се среќаваат легендарниот Е.Т и Елиот.

Елиот го запозна Е.Т. со семејството, а остарениот вонземјанин се пофали и со своето. Оваа средба после речиси 40 години буди емоции, со порака дека празниците се период кога треба повторно да се зближиме.

Објавено:
29 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
759 пати