(ВИДЕО)Сите навиваат за нив: Лејди Гага и Бредли Купер речиси ќе се бакнеа на оскаровската сцена

25 февруари 2019

Пред да се осврнеме на наградите и успесите од вчерашните Оскари, мора да кажеме дека она за што сите зборуваат ден потоа се Лејди Гага и Бредли Купер. 

Гага го освои Оскарот за Најдобра песна, а на сцената заедно со Бредли Купер ја изведоа „Shallow“. Иако повеќе пати до сега се зборувало за нивната хемија, изгледа дека вчеравечер таа кулминираше.

Тоа беше толку видливо што во еден момент беа и блиску до бакнеж.

Секако, овој настап не ѝ избега и на Твитер заедницата, па многу бргу потоа почнаа и коментарите: „Земете си соба“, „Прашање на време е кога ќе соопштат дека се заедно“, „Не би сакала да сум на местото на Ирина“, „Нивната хемија пробива сè“, „Тоа што Ирина седи помеѓу нив двајца доволно говори за опасноста“, „Не го сфаќав хаосот за Гага и Бредли сè до вечерва“, се само дел од коментарите што се појавија на социјалните медиуми.

Инаку, да, Бредли на манифестацијата дојде во придружба на неговата сопруга Ирина Шајк и неговата мајка, а моделот искрено ѝ честиташе на пејачката за нејзиниот прв Оскар.

За потсетување, Лејди Гага од неодамна ја прекина врската со Кристијан Карино, што уште повеќе ги разгоре шпекулациите за неа и Бредли Купер.

Исто така, во текот на настапот, Гага ги држеше рацете на стомакот, па тоа беше повод да почнат гласините и дека носи бебе од Бредли.

Јавноста навива за нив, но дали навистина ќе излезе нешто од оваа приказна или сè е за маркетиншки цели, останува да видиме.

Во продолжение погледнете го настапот за кој сите зборуваат:

 

Објавено:
25 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.778 пати