Викендов ќе се одржи„Есенски базар“ на уникатни современи уметнички творби

31 октомври 2017

Од 3 до 5 ноември во Скопје  ќе биде организиран голем „Есенски базар“ на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори - креативци. „Сите мол“ е местото каде што повеќе од 20-тина индивидуалци, artisans – уметници, и 18 брендови, ќе ги претстават пред јавноста своите најнови и оригинални производи.

Овие три дена, посетителите ќе имаат можност да купат автентични производи од филигран и модерен накит, преку рачно изработени чанти и чевли, до дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошеви, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој.

Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, која го заокружува целиот вложен труд на овие креативци, време, внимание и посебно вложена љубов во секој детал од нивната работа. Секој од нив има изградено свој препознатлив уникатен стил, кој раскажува шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни, кои долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат. Визуелната комуникација за овие уметници претставува клучна инспирација, моќта да допрат до некого најдлабоко, без притоа да разменат ниту еден збор. Деликатно направениот избор на уметници, меѓу кои „Mei Ro“, „Глигор Кузмановски“, „Ani Soro“, „Shoewondercrafts“„Woodyz“, „Morpho“, „Kare workshop“, „Little things“, „Farina's handmade“, Карло Хорват, „Em Ellephantski„, Елена Ристовска, „UrbanЕra“, „AnArt“, „Huggable Dolls – amigurumi“, „Mighty jewelry“, „Bulberry“ и „Windmill Shop“ само ќе го доразубави просторот и ќе придонесе за уникатната понуда.

Објавено:
31 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
356 пати