Викторија Бекам ангажираше премногу слаб модел – наиде на сериозни критики

17 јануари 2018

Британската модна дизајнерка Викторија Бекам е мета на сериозни критики во јавноста.

Во својата нова кампања за очила, таа ангажираше манекенка која според критиките на јавноста изгледа нездраво слабо.

Според коментарите на социјалните мрежи, јавноста не се сложува со изборот на модел што го направила Бекам, алудирајќи на нејзината одговорност како јавна личност која креира јавно мислење и пропагира нездрав изглед.

Исто така креаторката, на социјалните мрежи доби совет да внимава при изборот на модели преку кои во суштина испраќа и порака за тоа што е дефиниција за убавина.

Инаку, во својата автобиографија Викторија изнесе дека долги години и самата се борела со пореметувањето во исхраната, но и покрај тоа таа често во своите кампањи преферира исклучително слаби модели.

На обвинувањата, дизајнерката одговори дека секогаш пред да ангажира модел, добро се проверува нивната здравствена состојба во релација и со нивната матична модна агенција.

„Тие се млади и слаби, но тоа не значи дека се болни", вели Бекам.

Фото извор: Викторија Бекам

Објавено:
17 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.401 пати