Викторија Бекам ја напушта Модната недела во Њујорк!

13 јануари 2018

Британската дизајнерка Викторија Бекам, по повод 10-годишнината од основањето на нејзиниот моден бренд, својата нова колекција наместо во Њујорк, ќе ја презентира на Модната недела во Лондон.

Ова е прв пат како Викторија ќе промовира своја колекција во Лондон, откако претходно нејзина дестинација единствено беше Модната недела во Њујорк.

Со овој потег, Лондон добива уште едно дополнително признание за привлечна модна дестинација. Покрај Викторија Бекам, во февруари во Лондон ќе бидат презентирани и колекциите на Томи Хилфигер, Делпозо и Емпорио Армани, што исто така до сега своите колекции ги промовираа во Њујорк.

Родарте, Алтузара, Проенза Скулер исто така го напуштија Њујорк и го заменија со Модната недела во Париз.

После оваа ситуација, главни адути на њујоршката модна недела остануваат Том Форд, Калвин Клајн и Марк Џејкобс, а дали и понатаму ќе има измени во листата на учесници останува да покаже времето.

 

Објавено:
13 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
960 пати