Викторија Бекам: Кај себе најмногу сакам тоа што сум добра мајка

12 ноември 2019

Декемврискиот број на полското издание на „Вог“ го краси Викторија Бекам. Покрај фантастичните фотографии, на кои модната дизајнерка изгледа софистицирано, облечена во креации со нејзин потпис, вниманието го привлекува и текстот во кој говори за мајчинството.

Имено, на прашањето што најмногу сака кај себе, Бекам ќе признае дека е добра мајка и таа особина најмногу ја цени кај себе.

За потсетување, Викторија, која е во брак со Дејвид 20 години е мајка на четири деца - Бруклин (20), Ромео (17), Круз (14) и Харпер (8).

„Секогаш си влеам себеси - можеш да сонуваш големи сништа, дури и поголеми од што можеш да замислиш. Потоа само ќе мораш да работиш напорно за да ги оствариш“, објаснува 45-годишната Британка во интервјуто, од кое се откриени само мали сегменти.

Инаку, на фотографиите кои ги потпишува Алексиј Лубомирски, таа е облечена во смарагдно кадифено одело во комбинација со кошула со принт и сини чевли. Храбра, софистицирана и моќна комбинација. 

Истата кошула е во комбинација и со беж оделото кое беше нејзиниот втор стајлинг, а сето тоа снимено во „Институтот на современи уметности“ во Лондон.

Погледнете:

 

фото: Instagram.com;  

 

Објавено:
12 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.861 пати