Викторија Бекам: Не се сметам за убава

3 јануари 2020

Некогашна ѕвезда во музичкиот свет, а денес една од највлијателните личности во модниот свет - Викторија Бекам. Но, и покрај професионалниот успех, семејството, мајчинството, 45-годишната дизајнерка не смета дека е убава.

Оваа искрена изјава ја даде за февруарскиот број на британското издание на магазинот „Харперс Базар“, чија насловна ја краси. Покрај првата страница, текстот го следат и фантастични фотографии, на кои Бекам навистина изгледа одлично, но во интервјуто ќе рече дека ѝ требале години да ги прифати своите несовршености.

„Дали се сметам за убава? Не, апсолутно не. Но, го вадам најдоброто од тоа што го имам. Ги гледам своите несовршености и недостатоци и се насмевнувам: Тоа сум јас и нема да се трудам тоа да го променам. Ми требаше долго, долго време да сфатам и препознам дека на возраст од 45 години, всушност јас сум нависитна добро. Работам вредно, изгледам ок, имам четири деца на кои сум неверојатно горда и прекрасен сопруг и се чувствувам задоволно, исполнето. Додека растете, опседнати сте со најлуди, глупави нешта, но кога сте повозрасни, учите како да ви биде удобно во сопствената кожа“.

После информациите дека била присилена на драстично скратување на средствата откако нејзината модна куќа се соочила со долг од 36 милиони фунти, Викторија објаснува дека во модниот свет не е воопшто гламурозно.

„Уште од млада станав многу позната и научив многу работи. Со такво искуство сфаќате дека многу е потешко да го одржите успехот отколку да го постигнете. И не е толку гламурозно како што луѓето мислат“, објаснува дизајнерката, додвајќи дека никогаш нема да прави облека само поради неа самата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Harper's Bazaar UK (@bazaaruk) onJan 2, 2020 at 11:49pm PST

 „Навистина се фокусирав на брендот и гледајќи во ДНК на брендот и мојата заедница, знам дека сум доследна на она што сум, искрена сум на тоа што сум и знам која е мојата сила. Ги гледам сите тие прекрасни облеки, силуети, необични бои, кои во прв момент вие не би ги ни споиле, кои заедно се речиси погрешни, а сепак вистински. Не се работи само за облеката сама по себе. Се работи за презентирањето на облеката која е доволно вреднувана за да се најде на писта, а која луѓето сепак ќе ја носат. Никогаш не се работи за покажувањето на модата само за да биде покажана“, објаснува дизајнерката.

Но, и покрај предизвиците на работното место, таа секогаш цврсто се држи до своето семејство - сопругот Дејвид (44) и нивните четири деца - Бруклин (20), Ромео (17), Круз (14) и Харпер (8) и ги извршува секојдневните обврски.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Harper's Bazaar UK (@bazaaruk) onJan 2, 2020 at 1:20pm PST

„Рано станувам и денот го започнувам со вежбање, но еден од нас двајца секогаш ги носи на училиште, а се трудиме да сме сите дома за вечера. Кога сме во Лондон, строго се придржуваме до тоа во 18 часот да сме сите заедно, дома, да вечераме и да разговараме за тоа како ни поминал денот“.

Во интервјуто се осврнува и на успесите со групата „Спајс Грлс“ која беше една од најпопуларните во 1990-тите, велејќи дека е горда на сè што постигнале.

„Кога ќе се осврнам денес на „Спајс Грлс“, се насмевнувам. Чувствувам гордост за она што го направивме. Нашата цел беше да ги прегрнеме луѓето такви какви што се, да бидат среќни со тоа кои се, да бидат најдобра верзија на себе и тоа да го слават. И да им кажеме дека е во ред да се биде малку поинаков“, вели Бекам.

За крај, потенцира дека одамна веќе не се заморува со тоа дали на луѓето ќе им се допадне или не.

„Без разлика дали на луѓето им се допаѓам јас или Дејвид - одамна престанав да се оптоварувам и да размислувам за тоа инаку, досега ќе бев полудена. Никој никогаш не може да го оспори фактот дека напорно работевме на тоа. Ако сонуваш големи сништа, можеш и да постигнеш големи нешта“, порачува Викторија.

 

Објавено:
3 јануари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
745 пати