Викторија Бекам одликувана со високи почести од принцот Вилијам

19 април 2017

„Ако сонуваш големи соништа и работиш напорно, ќе направиш прекрасни работи“, вака Викторија Бекам го започна нејзиниот говор откако беше одликувана од принцот Вилијам за нејзината хуманитарна, но и работа како моден дизајнер.

На свечената церемонија ја придружуваа нејзиниот сопруг кој пред 13 години го доби истиот орден за заслуги, но и нејзините родители кои беа исклучително горди на достигнувањата на нивната ќерка.

„Големо е задоволството денеска да се биде во Бакингамската палата. Горда сум што сум Британка, а уште погорда што добив вакво признание за мојата работа. Драго ми е што можам да го споделам овој момент со моите родители и сопругот, без нивната љубов и поддршка ништо од ова немаше да биде возможно“, изјави таа.

Мајката на Викторија

Таа ја започна кариерата во модната индустрија пред 17 години, а денеска ќе каже дека е особено горда на сѐ што постигнала и на тоа како се разви нејзиниот моден бренд.

Сосема во нејзин стил, за свечената церемонија таа се одлучи за црн фустан со должина до глуждовите во комбинација со темно црвени потпетици и лежерна фризура.

Нејзините деца не присуствуваа на настанот, но затоа ѝ честитаа преку социјалните мрежи со слатки пораки и фотографии.

Објавено:
19 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.653 пати