Винтиџ парчиња на Шанел ставени на интернет продажба

25 ноември 2013

„Nasty Gal“ е називот на интернет страницата каде обожавателките на модната куќа Шанел ќе можат да купат импресивни винтиџ парчиња. Разни модни додатоци, фустани, здолништа и костими претежно од 1980 до 1990 година се ставени на интернет продажба и за експресно брзо време се распродаваат иако цената им е висока.

 

Но, некои од парчињата се уште се достапни, како на пример црната чанта со синџир која има  неверојатна цена од 3600 долари. Оваа продажба е доказ дека облеката и аксесоарите од овој култен бренд секогаш си „држат“ цена.

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Актуел