Винтиџ поставка во Белград за љубителите на модата од 20-от век

21 октомври 2013

Љубителите на модата во Белград викендов имаа прилика да ја посетат единствената манифестација посветена на ретро стилот „Vintage fest“, која се одржа во холот на белградскиот шопинг центар Delta City.

Во рамките на настанот беа изложени бројни интересни парчиња на винтиџ накит и облека, како и декоративни предмети. Она што предизвика особено внимание беше накитот изработен од рециклиран материјал, како одличен спој на модерниот и ретро стилот во „еколошки“ дух.

 

Автор: Бранка Гајиќ, дописник за fashionel.mk од Белград

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Актуел