Виолетовата е боја на 2018 година!

9 декември 2017

 Непосредно пред крајот на 2017 година, Институтот за боја, „Пантон“ објави која боја ќе ја одбележи 2018 година. Се работи за виолетовата, односно нијансата „Ultra Violet“.

За разлика од минатата година, кога се потенцираше животот, па боја на годината беше зелена, оваа година изборот е боја која како велат од „Пантон“ е одраз на колективниот општествен момент.

„Се работи за мистична, длабока, пригушена боја, која истовремено е и космичка нијанса и нè тера да ги скршиме првин сопствените граници и да се фокусираме на иднината. Не само што е тренд во светот на дизајнот, туку е рефлекција и на она што му е потребно на светот денес“, објаснува Лори Пресман, заменик претседател на Институтот.

Виолетовата е прва асоцијација и за Принц, Дејвид Боуви, но и Џими Хендрикс и поп-културата која во преден план го става личното изразување, односно изразувањето на индивидуалноста.

 

A post shared by PANTONE (@pantone) onDec 7, 2017 at 5:57am PST

 

 

 

Објавено:
9 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
969 пати