Вирален тренд: Маски за лице по моден терк

28 февруари 2020

Модниот свет секогаш наоѓа свој начин да се инфилтрира во актуелните случувања и да даде свој контекст на секоја општествена ситуација.

Деновиве е актуелна модната недела во Париз каде внимание привлече модната ревија на Marine Serre, француската модна куќа која во рамките на својата нова модна линија што ја прикажа на писта, додаде и модни маски за лице, што беше причина плус да се зборува за колекцијата.

Се работи за маски за лице кои добиваат моден правец, дизајнирани во согласност со целосниот аутфит.

Гостите на ревијата, барем поголемиот дел од нив, исто така беа опремени со маски за лице.
Холандската модна инфлуенсерка Romy D'Fonseca објави слика на нејзиниот Инстаграм профил со маска од Airinum, линија која исто така беше промовирана на модната недела во Париз.

На домашен моден терен пак, кон оваа светска тенденција се приклучи нашиот моден бренд Елена Лука која симболично дизајнираше свои модни верзии на маски за лице како моден додаток. Со ова брендот Елена Лука порачува и ја подига јавната свест, за грижата за сопственото здравје и за околината.

Што понудија модните дизајнери и брендови (Фенди, Луј Втон, Гучи, Марк Џејкобс, Барбери, Supreme...) како своја верзија на маски за лице, погледнете во галеријата.

Објавено:
28 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
8.577 пати