„Vision of glamour“- моден едиторијал на младиот фотограф Мики Николоски

24 јануари 2014

Младиот македонски фотограф Мики Николовски, кој победи на Конкурсот за најдобра модна фотографија во организација на fashionel.mk, го објави својот нов моден едиторијал насловен „Vision of glamour“.

Фотографскиот објектив е фокусиран на гламурот во неговата суштинска форма: од изборот на елегантните тоалети  и класични машки костуми до префинетата шминка и фризура, сместени во ретро амбиент кој носи боемска енергија од периодот на 60-те години на минатиот век.

„Во секоја фотографија е забележан момент на гламур, тоа беше и основната цел која сакавме да ја постигнеме како тема на овој едиторијал. Се фокусиравме на изразот на моделите, изборот на шминката и фризурата и секако свечените тоалети кои беа најсоодветни за реализацијата на идејата“, вели Тодор Тодороски од "Studio Capelli", одговорен за стилизирањето на комбинациите.

 

Фотограф: Мики Николоски

Стилист: Тодор Тодороски

Модели: Стефани Иваноска, Стефанија Кржеска, Наталија Тодороска, Тодор Тодороски

 

Објавено:
24 јануари 2014
Категорија: 
Актуел