Вивиен Вествуд дизајнира за Виенскиот балет

26 декември 2013

Контроверзната дизајнерка Вивиен Вествуд ги носи нејзините драматични дизајни на сцената на Виенскиот балет.

Таа создаде прекрасни костими за танчерите на Виенскиот балет, што тие ќе ги носат на специјалниот новогодишен концерт придружувани од Виенската филхармонија.

За валцерот што ќе биде изведен за време на паузата на новогодишниот концерт, прекрасната танчерка Кетрин Мензингер ќе носи специјално изработена верзија од познатиот свилен „Moon dress“ што за прв пат се појави на модното шоу на Вествуд пролет 2014.

Партнерот на Кетрин ќе биде облечен во црн костим во комбинација со црни, свилени панталони.

Креативниот директор на модната куќа и сопруг на дизајнерката, Андреас Кронталер, изјави дека се чувствуваат почестени што добиле понуда да дизајнираат костими за Виенскиот балет.

„Јас пораснав гледајќи го овој концерт целиот мој живот, со оглед на тоа што сум роден во Австрија, и тој некако стана дел од моите божиќни спомени и честа поради тоа е уште поголема“, вели Андреас.

Објавено:
26 декември 2013
Категорија: 
Актуел