„Вкусот на текстилот“ утре во „Јавна соба“

6 февруари 2017

Во „Јавна соба“ утре со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата на група млади и смели дизајнери од Институтот за дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршки факултет во Скопје.

Се работи за ентузијасти предводени од искусни дизајнери и менаџери, кои формираат 10 нови македонски бренда, што ќе ги претстават пред пошироката јавност.

Всушност, во фокусот се иновативни производи каде носечки материјал е текстилот, и кои имаат две или повеќе функции. Сите производи се со огромен пазарeн потенцијал, што ветува некаква иднина во поглед на опстанок на младите брендови и нивен понатамошен развој.

 Изложбата е резултат на пет- дневна работилница за време на Неделата на дизајн во Скопје 2016 и шеесет дена продукција и промоција на истото. 

Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, Дизајн центарот Јавна соба и Институтот за дизајн и инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки Факултет - Скопје.

Деспина Ангелеска, Тамара Ивковиќ, Марјан Бебекоски, Ангела Доневска, Софија Грозданова, Христина Христова, Медаин Аслан, Ева Кравченко, Даниела Ѓуровска 
Валмира Бучи, Мимоза Исмајл се студентите што ќе ги претстават своите производи, а доколку меѓу нив најдете нешто што сосема ќе ве освои, можете да го купите, бидејќи изложбата е и од продажен карактер.

За графичкиот дизајн е задолжен Бетто Идризи, додека ментори се  Тамара Георгиевска, Ива Jанковиќ и Александар Велиновски.

 

Објавено:
6 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
101 пати