Во дизајнерскиот свет на Камерон Дијаз

22 мај 2014

При неодамнешната улога во филмот „The Other Woman“, каде Камерон Дијаз глумеше рамо до рамо со Кејт Аптон, актерката добила сугестии за дизајните на чевлите кои ги освојуваат сипматиите на припадничките на понежниот пол.

„Мојата цел како креативен директор не ми е да им кажувам на купувачите какви треба да бидат, туку да им помогнам да бидат тоа што навистина сакаат. Сакаме со нив да го споделиме успехот, без разлика дали е мал или голем, професионален или приватен“ – изјавила Дијаз.

За да го оптимизира успехот, актерката во новата кампања го ангажирала поранешниот модел, а денес режисерка  Оља Зуева.  „Таа е вистинско олицетворение на идеите на брендот. Оља е интересен лик бидејќи животот го живее со широко отворени очи. Таа е полна со самодоверба, модерна и со исклучител стил на облекување“ – дополнила Дијаз.

Објавено:
22 мај 2014
Категорија: 
Актуел