Во каква врска се шопингот и Фејсбукот

30 септември 2013

SHOPPING-large570

Поради постојаното ставање на фотографии на Фејсбук, жените новата облека ја сметаат за стара.

Рапидниот раст на социјалните мрежи донесе нови причини за освежувањето на плакарите, затоа што благодарение на големите количества на фотографии кои се поставуваат на Фејсбук и Инстаграм, голем број жени својата облека ја прогласуваат за стара во текот на неколку недели после купувањето.

Овој феномен го открија резултатите на неодамнешната анкета, кои говорат дека просечната жена поседува 107 парчиња облека, но и понатаму еднаш неделно тврди дека нема што да облече.

Проблемите во врска со парчињата облека кои се неодамна носени или не одат со одредена комбинација, се главни причини за напад на паника. Други причини се затоа што облеката се прогласува за неприкладна се фактите дека станала претесна, преголема, нечиста или развлечена.

Истражувањето откри дека просечната жена смета дека 36 проценти од нејзината облека не е нослива, додека 15 проценти никогаш не е облечена.

Статистиката вели дека 67 процента од жените смета дека пронаоѓањето  на облека во посебна пригода е трауматично искуство, а поголемиот број купуваат нови работи.

„Сите жени се убедени дека немаат што да облечат, но прогласувањето на третина од облеката непогодна е навистина претерано“, вели Ракел Хаченсон, потпаролка на компанијата „Шарп Бедрумс“, која воедно и го спроведе истражувањето.

Објавено:
30 септември 2013
Категорија: 
Актуел