Во Њујорк има уште еден прекрасен Barneys

18 февруари 2016

После 90 години Barneys се враќа на своето прво место, њујоршкиот кварт Челси. Новиот дуќан, на старото место има пет ката, со најлуксузните модни и козметички брендови, како и ресторан и фирзерски салон.

Приземјето е резервирано за модните додатоци и луксузна кожена галантерија, како и женски накит.

На првиот кат се козметичките брендови, како и берберница, каде мажите можат да се средат, но и да испијат пиво или некој коктел.

Вториот кат е посветен на вљубеничките во чевлите, како и голем изор на prêt-aporter колекции.

Машките чевли и облека се на третиот кат, како и ресторанот со модерна италијанска храна, додека тој над него е резервиран за ВИП клиенти, кои имаат можност за приватен шопинг.

Она што е исто така новитет е можноста за користење на iBeacon технологија со помош на која купувачите полесно ќе можат да се снајдат во големото здание и да дојдат до саканите производи.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од внатрешноста на сите катови.

Објавено:
18 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
190 пати