Водена лудорија во Скопје- отворен првиот Аква Парк

22 јули 2013

Вака изгледаше атмосферата на вчерашното свечено отворање на првиот воден Аква парк во главниот град Скопје. Новата летна атракција ја видоа и пробаа голем број посетители кои се разладуваа и забавуваа во новите рекреативно забавни содржини на водениот парк. На површина од 12.000 метри квадратни се изградени 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, светски познатиот мултислајд, како и спејс-бол тобоган со ноќни ефекти, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош.

Аква паркот официјално беше отворен во присуство на премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и градоначалниот на Скопје, Коце Трајановски.

- Македонската метропола може да понуди уште една атрактивна и уникатна содржина која ќе го привлече вниманието на сите генерации, ако се сака може да се направат големи дела. За само неколку месеци го изградивме Аква паркот за кој се зборуваше со години, изјави Груевски.

Како и останатите големи градови и Скопје си доби еден ваков воден објект каде со сигурност  најмногу ќе уживаат најмалите. Во продолжение подгледнете ги фотографиите од отворањето што ги забележа фото-објективот на  Fashionel.

Објавено:
22 јули 2013
Категорија: 
Актуел