Водителката Милена Антовска блесна во венчаница на Елена Лука

2 мај 2017

Шармантната водителка Милена Антовска викендов го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот избраник Гордан Станковски во прекрасна венчаница од модната куќа Елена Лука.

Венчавката се одржа во уникатниот амбиент на манастирот Свети Јован Бигорски, а следниот викенд се очекува да се случи и официјалната свадбена прослава.

За венчавката во Свети Јован Бигорски, водителката одбра уникатн венчаница од познатата модна куќа Елена Лука која дополнително ја истакна нејзината убавина и трудничкото стомаче.

Станува збор за венчаница во бело, изработена од мек и нежен тул, со акцент на горниот дел кој пак е изработен во мулаж техника.

Она што дефинитивно е највпечатливо кај целата венчаница е блескавиот сребрен дел кој е резултат на рачна доработка со стаклени камења, мониста и кристали кои му даваат навистина посебен изглед на целиот фустан.

Водителката фустанот го надополни со впечатлива шминка и едноставна, но сепак интересна фризура која одлично и прилегаше на целосниот стајлинг.

Нејзиниот избраник се одлучи за комбинација од неколку бои кај неговиот костим, со акцент на модните додатоци како пеперутка вратоврската и марамчето во темно црвена боја.

Ние им посакуваме многу среќа и заеднички денови исполнети со многу љубов!

Објавено:
2 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
10.645 пати