Вог ја смести Елена Трајановска во ИТ моделите за претстојната сезона

21 септември 2015

Покрај тоа што е ексклузивен модел за Келвин Клајн, македонскиот топ модел Елена Реи е ставена во моделите на кои допрва им предвидуваат блескава кариера.

Модната библија Вог заедно со уште неколку девојки, ја смести во моделите кои според предвидувањата во претстојната сезона ќе се најдат на самиот врв.

„Неверојатно и прекрасно е чуството кога гледам како Елена Реи прерасна во успешен топ модел...сепак тоа се должи на нејзината посветеност, истрајност и голема професионалност“, вели Алек Наумовски од нејзината матична модна агенција Моделс ИН.

Во моментов Елена работи на модната недела во Милано. 

Објавено:
21 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.371 пати