Вонземјаните никогаш не изгледале помодерно

1 август 2017

Веројатно вонземјаните никогаш не изгледале помодерно, можеби затоа што носат Гучи.

Италијанската модна куќа направи генијално сценарио инспирирано од винтиџ естетиката на sci-fi филмовите од 50-те и 60-те години, создавајќи паралелен универзум во кој сите надреални суштества ја носат новата колекција на брендот.

Фасцинантните идеи на креативниот ум на Алесандро Микеле автентично ги преслика фотографот Глен Лучфорд, буквално сценирајќи филмски сет недалеку од она што сме го гледале во „Creature from the Black Lagoon", „Forbidden Planet" и „Star Trek".

„Оваа колекција е транспортирана во паралелен свемир каде хуманоидите, вонземјаните и роботите се соединија во заедничка Гучи инвазија", велат од брендот за оваа истовремено бизарна и генијална кампања.

Фото: Глен Лучфорд за Гучи

Објавено:
1 август 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
268 пати