За сите принцези на матурската забава – Елена Лука со специјализирана линија за матуранти

28 март 2018

Со традиционалната матурска забава, матурантите заокружуваат еден убав заеднички период од својот живот и симболично таа вечер е печат на нивните средношколски денови. Затоа ја чувствуваат како единствена, неповторлива и своја – токму затоа и посветуваат особено внимание и на својот изглед.

Она што е од суштинска важност кога е во прашање изгледот, како еден сегмент од прославата, е да останат свои и да му дозволат на нивниот младешки дух да им биде водечката нишка.

Бидејќи наближува периодот на матурски прослави, веројатно идните матуранти веќе размислуваат околу целиот концепт за нивниот аутфит, а ние ќе им помогнеме околу дефинирањето на нивните идеи.

Доколку преферираат впечатлив, модерен и уникатен изглед, модниот бренд Елена Лука дизајнираше перфектна специјализирана линија за матуранти во која го имплементираше она што важи за карактеристичен, префинет дизајн на брендот, адаптиран на преференциите на матурантите.

Секој дизајн има свој автентичен белег, што го прави неповторлив, со врвна, до совршенствно дефинирана естетика. Богатиот избор вклучува тоалети во впечатливи бои со рачно сликани мотиви, макси фустани изработени од раскошни материјали, креации во „принцеза" стил со рачно везени апликации во комбинација со впечатлива тантела, дводелни креации со транспарентни елементи, како и фустани во асиметрични кроеви што и годинава важат за еден од водечките трендови.

Елена Лука секогаш посветува исклучително внимание на секој детаљ и моден додаток, со кои се заокружува еден идеален, модерен матурски изглед.

Во оваа специјализирана линија за матурани, модниот бренд дизајнираше и уникатни аксесоари со рачно изработени цветови за на рака, што истовремено е совршен матурски подарок за партнерката.

За изгледот да биде комплетен, значајно е да се одбере соодветната шминка и фризура, со кои пред сè ќе се потенцира младешкиот и свеж изглед на матурантките. Мејкап и фризерското студио во рамките на ателјето на Елена Лука, ќе се погрижи за да се заокружи совршениот изглед на секоја матурантка.

 

Објавено:
28 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.553 пати