Запознајте ги стипендистите на Сваровски

16 ноември 2013

Сваровски и лондонскиот Универзитет за уметност „Central Saint Martins“ неодамна ги објавија стипендистите за сезоната 2013/14 година.

Студентките Роуз Кни и Робин Смит беа избрани од стручното жири и добија стипендија што целосно ќе ја покрие нивната последна година од студирањето.

„Добивањето на Сваровски стипендијата е неверојатен начин за да го завршам школувањето и да ја започнам мојата кариера“, вели Роуз Кни од Ирска чија работа е инспирирана од колекционери и луѓе што се занимаваат со необични работи.

„Ова беше нешто навистина неочекувано, со оглед на тоа што сите мои колеги се навистина талентирани“, вели другата стипендистка Робин Смит, која додава дека е многу возбудена што ќе може да се концентрира на завршување на студиите со финансиска помош од Сваровски.

Студентите беа избрани од стручно жири на чело со Надја Сваровски. Иницијативата на луксузниот бренд за накит за финансиска поддршка на студенти започна уште во 2011 година во Лондон, а оваа година истата беше спроведена и во Њујорк.

Објавено:
16 ноември 2013
Категорија: 
Актуел