Запознајте ја Валентина Сампајо, првиот трансродов модел на Victoria’s Secret

6 август 2019

Деновиве планетарно популарниот бренд за облека Victoria’s Secret ги информираше своите обожаватели дека за прв пат во историјата на брендот ќе ангажираат трансродов модел за да ги рекламира нивните производи.

Бразилската моделка Валентина Сампајо напиша историја и стана првиот трансродов модел кој потпишал соработка со популарниот бренд, а деновиве објави и кусо видео на Инстаграм од снимањето на новата кампања.

cosmopolitan

„Никогаш не престанувајте да сонувате“, напиша таа под објавата на социјалната мрежа.

Нејзиниот ангажман доаѓа откако минатата година брендот беше остро критикуван по изјавата на маркетинг директорот Ед Разек.

„Дали треба да има трансексуалци во нашето шоу? Не, не мислам дека треба. Зошто не? Затоа што нашето шоу е фантазија“, изјави Разек во една прилика.

Кратко по изјавата, се огласија и голем дел од моделите на брендот кои посочија дека не се согласуваат со неговата изјава и дека вклучувањето на трансродови модели во шоуто воопшто не е за дебата.

Валентина е родена во мало село во Бразил, а како што самата ќе каже, таа одамна знаела дека е девојка и не сакала да биде ништо друго. Она што е интересно е тоа што не се знае кое било нејзиното име претходно, само дека светот сака да ја знае како Валентина. Целиот процес поминал многу лесно со оглед на тоа што семејството и пријателите биле нејзината најголема поддршка.

the_new_york_times

Денеска, таа е амбасадор на Лореал, помеѓу другите огромни успеси и договори со некои од најпознатите модни агенции, а за прв пат се појави на насловна на Вог во 2017 година.

Инаку, првите луѓе на брендот во соопштение до каналот CNBC изјавија дека голема е веројатноста дека шоуто повеќе нема да се прикажува на телевизија, иако сѐ уште не е потврдено дали воопшто ќе се одржи, со објаснување дека ќе се фокусираат на креирање на нов, уште повозбудлив настан. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Valentina Sampaio (@valentts) onAug 2, 2019 at 11:07am PDT

Инфо: The New York Times, Paper

Објавено:
6 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
9.607 пати