Жан Пол Готје ќе одржи ревија во Котор

7 јули 2015

jean-paul-gaultier-disenador-internacional-invitado-a-caliexposhow-201220120717044257

Црна Гора полека, но сигурно станува една од привлечните земји за познатите дизајнери. После Роберто Кавали и Вивијан Вествуд, Црногорците ќе имаат можност да уживаат и во модно шоу на Жан Пол Готје.

Неговата ревија, на која ќе бидат прикажани парчиња од Висока мода, ќе биде одржана во рамки на 18-тата интернационална модна смотра во Котор, на 24-ти јули. Следниот ден пак е резервиран за најновата колекција на уште едно познато име од модна сцена, италијанскиот дизајнер Антонио Грималди, кој е задолжен за стилот исто така на голем број познати дами.

Како пренесуваат тамошните медиуми, оние што ќе присуствуваат на овој моден спекакл, не само што ќе ги видат креациите на легендарниот Готје, туку ќе го видат и него, бидејќи на крајот на ревијата ќе дојде да и' се поклони на црногорската публика.

Ревиите ќе се одржат пред катедралата на Свети Трипун. Настанот е во организација на агенцијата „Фабрика“ и општината Котор.

 

Објавено:
7 јули 2015
Категорија: 
Актуел