Жаре од „Еден на Еден“ и Нина од „Групер“ се најдоа на листата на „Форбс“

24 јануари 2018

„Форбс“ неодамна ја објави листата на најуспешни млади лица, односно „30 under 30 Europe“, а вчера во Лондон  официјално беа објавени и 300-те највлијателни луѓе во Европа под 30 години во десет сектори.

фото извор: facebook.com/EdenNaEden/

На неа се најдоа и двајца Македонци. Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“ беше избран меѓу најуспешните во категоријата „Media&Marketing“, а Нина Ангеловска од „Групер“во категоријата „Retail&Ecommerce.

фото извор: facebook.com/EdenNaEden/

Несомнено е дека ова е огромен успех за двајцата, што претставува воедно и поттик за други млади лица од државава.

Инаку, покрај Жаре и Нина од Македонија, од регионот се избрани ушет седум успешни млади под 30 години и тоа од Бугарија, Босна и Херцеговина, Романија, Молдавија и Косово, меѓу кои и пејачките Дуа Липа и Рита Ора. 

Од вкупно 34 земји, Белорусија, Македонија и Косово се меѓу оние што за првпат учествуваат во листата.

Главниот извршен директор за содржини и уредник од Forbes, Rendall Lane, на самиот настан истакна дека оваа година имале преку 20.000 номинации од кои се одбрани најдобрите 300. Воедно им порача на одбраните да бидат горди дека ова е најпрестижниот клуб на млади луѓе во Европа, во кој е најтешко да се влезе.

Комплетните листи од сите десет категории можете да ги видите ТУКА.

Честитки од Жаре и Нина! 

Објавено:
24 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.286 пати