Жарко Димитриоски – Најдоброто допрва доаѓа

2 февруари 2018

Една од вестите што изминатиов период привлече големо внимание во македонскиот етер беше тоа дека Жарко Димитриоски од „Еден на еден“ и Нина Ангелова од „Групер“ се двајцата Македонци што се најдоа во избраното друштво на „Форбс“ во „30 under 30 Europa“ и тоа во десет категории.

За потсетување,  Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“ беше избран меѓу најуспешните во категоријата „Media&Marketing“, а Нина Ангеловска од „Групер“ во категоријата „Retail&Ecommerce“.

И покрај тоа што поминаа речиси две недели оттогаш, впечатоците за Жарко не стивнуваат.

-Не очекував дека ќе ми се случи нешто такво. Очекувам признание за мене и тимот, бидејќи знам колку напорно работиме и тоа секојдневно, по цели денови. Но, дека ќе дојде во оваа форма, од „Форбс“, тоа во никој случај не очекував – вели водителот.

Тој додава дека изминатиов период добил многу честитки, дури и од луѓе што одамна не ги видел и слушнал, што многу го радува. За тоа, што ќе му донесе ваквото признание од „Форбс“, ќе каже:

-Што ќе ми донесе сето ова, не знам. За тоа треба сам да се избориш, никој на тацна не ти дава сè. Она што е важно е дека ти ги овозможуваат контактите, ќе се прават и збирки во текот на годинава, тоа е голема шанса, а како ти ќе се снајдеш и што ќе направиш зависи од тебе. Очекувам супер искуства, и секако да искористам колку можам најмногу.

За да биде дел од оваа селекција, може секој да биде номиниран.

-Да, секој може да номинира секого. Номинираните се делат во 10 класи, како на факултет. Ако успееш да влезеш во класата, тогаш стануваш дел од одбраното друштво. Те држат во контакт за сè што мислат дека ќе ти користи и треба да се појавиш. Организираат многу настани, со кои ти сè повеќе остваруваш контакти и на некој начин те предизвикуваат да правите нешто зедно, иако сте од различни земји. Се создава умрежување, и тоа е целта. За првпат оваа година ќе нè спојат одбраните од Европа и од САД, што досегаа не се случило, баш со таа цел, да се вмрежиме и да направиме нешто поголемо – вели Жарко.

За потсетување, годинава биле пријавени околу 20.000 луѓе, за на крај да бидат одбрани 300. Затоа и тимот на „Форбс“ велат дека поголема шанса има да те примат на Оксфрод, отколку во нивното одбрано друштво.

-Олеснителна околност беше што бевме со Нина, си бевме поддршка и разговаравме. Инаку, ако бев сам ќе беше малку потешко, понезгодно. Всушност, тоа беше ланч-парти, но буквално изгледаше како забавите што ги гледаме на филм. А тие официјалните забави, коктели, допрва треба да се случат. На нив се обраќаат и познати личности, најуспешните личности од другите години, политичари, бизнисмени. Така што, најдоброто допрва доаѓа, тоа ќе бидат вистинските настани, каде што навистина ќе те фати трема – објаснува водителот.

А најдоброто допрва доаѓа и кога е изгледот во прашање. Во оваа девета сезона од „Еден на еден“, довербата за изгледот, Жаре ја довери на тимот на „Фешнел“, соработка која трае веќе неколку месеци е на обострано задоволство и доверба.

Од емисија во емисија се трудиме да ја задржиме неговата препознатливост кога е стилот во емисијата во прашање - оделата, а сепак да вметнеме и трендовски елементи и да го видиме Жаре во актуелни бои, дезени, кроеви...

 

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onJan 29, 2018 at 8:23am PST

 

-Навистина, во оваа сезона добивам комплименти дека никогаш подобро не сум изгледал. Целиот тим на “„Фешнел“ што работи на мојот изглед е мошне професионален и јас тука за ништо не се грижам. Мое е само добро да изгледам, а тие дефинитивно знаат како да го направат тоа. Се надградувам и учам и на тоа поле и се радувам и на новата соработка – вели Димитриоски.

А oд следната емисија, закажана зачетврти февруари, тимот на „Фешнел“ при осмислувањето на изгледот на Жаре ќе ја има на располагање и понудата на италијанскиот бренд „Навигаре“, препознатлив по квалитетот, одличните кроеви и трендовската понуда.

В недела, водителот  ќе го видите во струкрано сиво одело. Сакото е карирано, што е апсолутен тренд сезонава, додека пак панталоните, со потесен крој, се еднобојни, сиви, а сето тоа надополнето со соодветни модни додатоци.

„Навигаре“ е синоним за вистински италијански стил и квалитет, а во нивната понуда можете да најдете сè што ви треба, од модни додатоци, до комплетни комбинации. Од парчиња за секојдневно, спортско, до елегантни и софистицирани комбинации,

Објавено:
2 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
574 пати