Жена на годината според „Билборд“ е...

7 декември 2015

Етаблираниот магазин „Билборд" за Жена на годината ја прогласи ексцентричната пејачка Лејди Гага која воедно се најде и на насловната страна на декемврискиот број.

Во интервјуто за последниот број на Билборд за оваа година, пејачката зборува за нејзините професионални амбиции во 30-тите години.

„Жените во музичкиот бизнис, мислат дека мора да продаваат буквално се за да бидат ѕвезди. Тоа е толку тажно. Веќе како навлегувам во 30-ката од мојот живот, јас сакам да достигнам кулминација", вели Гага во дел од интервјуто.

Објавено:
7 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
434 пати