„Жежок“ едиторијал со Кристина Тосио

25 јуни 2013

 

Шпанскиот модел Кристина Тосио неодамна  позираше за шпанската насловна од  јулското издание на магазинот Elle.

 

 

Сексапилната Кристина ги „допре“ ѕвездите пред објективот на Хави Гордо, а колоритноста на амбиентот, племенските детали, костимите за капење со индијански мотиви, совршено „го извајаа“ телото на Кристина. Моделите се дело на светски познатите брендови Suiteblanco, Mango и H&M и се под креативното раководство на Инмакулада Хименез.

 

 

 

Шпанија е земја која послужи како совршена компонента во креирањето на модниот склоп, а шпанската убавица беше „накитот“ кој го освежи и истовремено вжешти креирањето на овој едиторијал.

 

 

 

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Актуел