Жизел Бундшен се искачи на врвот од модниот бизнис

20 август 2014

Според најновата публикација на магазинот Форбс на листата за најплатен модел во светот, без изненадувања се најде топ моделот Жизел Бундшен со неверојатна годишна заработка од 47 милиони долари. Таа е на тронот за оваа година сметајќи ги заработките од јуни минатата година. Својата годишна плата таа ја заработи  соработките со брендовите H&M, Стујарт Ваитсман, Шанел и Каролина Херера, а покрај овие успешни договори, манекенката зема и дел од колачот дизајнирајќи римјанки за бразилската компанија „Grendene“. Секако, тука се и профитабилните ангажмани за Пантен и Орал-Б, како и заработката од сопствената линија долна облека „Hope Lingerie“.

Следна на листата на Форбс зад Жизел е манекенката Доцен Крос која пак соработува со Викторија Сикрет, Лореал, H&M, Келвин Клајн, Пучи и Прада, а има годишна заработка од 8 милиони долари. На третата позиција е Адријана Лима, четврта е Кејт Мос, додека петтата позиција е резервирана за Кејт Аптон. Шестото место е на Миранда Кер, седма е Лиу Вен, осма Александра Амбросио, деветта Хилари Рода, а на десеттата позиција стои името на Наталија Водјанова.

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Актуел