Златната „буба“

28 јуни 2013

Познатиот автомобил Volkswagen „буба“ отсекогаш бил предмет на восхитување. Но, сега со своето ново „одело“ изработено од мајсторите на компанијата MG Vrbanus, навистина ќе влезе во историјата. Bráulio Vinícius Ferreira и Alan Kwang за да го изработат ова лимитирано издание на автомобилот посветиле цели 3000 часа. Секој елемент е изработен од 24 каратно злато, а интериерот е кожен. За да се дизајнира една ваква уметничка инсталација потребни се многу време, трпение, но и неверојатни 24 килограми злато. Компанијата Vrbanus е основана 1981 година и првенствено почнала да работи како механичарска работилница. Од тогаш до денес компанијата е модернизирана и постојано работи. Во моментов располага со машини од најновата генерација на технолошките изуми, а нејзината креативност и напорна работа не престанува тука.

 

Објавено:
28 јуни 2013
Категорија: 
Актуел