Знаете ли колку пари ќе треба да платите за целосен стајлинг од Долче и Габана?

6 октомври 2014

Иако сме свесни дека не секој може да си дозволи да поседува дизајнерско парче, сепак ние во продолжение ќе ви презентираме цена на аутфитот кој го носеше Кендал Џенер, која дефинитивно го зацврсти својот статус во модната индустрија, бидејќи беше ангажирана од речиси сите светски модни куќи.

Сепак доколку би сакале да го поседувате целосниот стајлинг кој таа го носеше на ревијата, односно мрежест фустан во фламенко стил со цветни апликации, заедно со кратките чизми исто така со впечатливи цветни апликации и чанта со исти мотиви, ќе треба да одвоите 21. 000 долари.

Доменико Долче и Сѕефано Габана знаат секогаш да изненадат со уникатните колекции, а овој пат тоа беа комбинирани елементи, односно шпанското фламенко со примеси од Сицилија.

Објавено:
6 октомври 2014
Категорија: 
Актуел