Зое Кравиц - американската жена

5 декември 2017

Зое Кравиц е името кое сигурно ја освои позицијата на А листата на најплатени актерки и тоа после остварувањето на улогата во серијата Big Little Lies продукција на HBO. Следен проект  е филмот „Fantastic Beasts and Where to Find Them“, адаптација на романот од авторката Џеј Кеј Роулинг заедно со Џони Деп. Ќерката на Лени Кравиц има огромен талент и тоа холивудските продуценти го препознаа.

Во ексклузивното интервју за Elle зборува за нејзините идни проекти, за предаторот Вајнстајн, како е да бидеш црнец во филмската индустрија и како е да бидеш дете на супер ѕвезди.


Како се вљубила во филмот

-Не пораснав со телевизија. Имавме ТВ, но никогаш не ни беше вклучен, освен за видео рекордерот. Мајка ми (Лиза Бонет) ќе одеше до видеотека и само тогаш смеев да го вклучам телевизорот. Бев единствено дете и мојата фантазија беше огромна. Тие филмови мене ми беа пријатели.


За нејзините колеги од серијата „Big Little Lies“

 -Си реков, чекај ќе работам со Никол Кидман, Рис Витерспун. Пораснав гледајќи ги и тие ми беа недопирливи... но толку беа охрабрувачки. Кога тие жени ти се во близина ти даваат ветер во грбот.


Како модата ја инспирира за нејзините улоги

-За мене облеката е бегство кон карактерот. Сум ги гледала сите филмови на Одри Хепберн и само сакав да имам таков мејк ап. Кога го гледав „Stand by Me“ си помислив како сакам да бидам момче.


За важноста да бидеш искрен

-Важно е да бидеш искрен, љубезен. Има разлика кога кажуваш работи кои повредуваат: Можеби малку нема да ти е пријатно, но не го прави тоа. Или тргни ја раката од мојот струк. Или зошто ја кажа таа лоша шега?

Интервјуто излегува на 12 декември во јануарско издание на Elle.

Објавено:
5 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
319 пати
Извор: 
elle.com