Зошто овој ѓердан има големо значење за Никол Кидман?

8 јули 2016

Актерката Никол Кидман го привлече вниманието неодамна носејќи интересно парче накит. Се работи за ѓердан со портокалово срце на него. Освен што одлично се совпаѓа со изгледот на актерката, тој за неа има и посебно значење.

Имено, ѓерданот е создаден од жени, жртви на семејно наследство од држави во развој. Проектот е поддржан од организацијата „SeeMe“, а конкретно за овој ѓердан 50 проценти од продажбата ќе бидат наменети за создавање на економски можности на жените во Тунисија.

Кидман, како амбасадор на добра волја на Обиденитите нации уште од 2006 година, воопшто не се двоумеше да ја поддржи ваквата акција, па речиси и да не се раздвојува од него.

Со тоа актерката сака да ги поттикне сите останати познати ѕвезди да го носат ѓерданот и да им помогнат на овие жени, како и да ја зголеми свеста за да престане насилството врз жените насекаде низ светот.

Инаку, овој проект од „жените за жените“ вклучува и алки, како и ѓердани со различни големини и прстени, повеќето со сите со истиот приврзок срце, но застапени се и прекршени форми.

Меѓу накитот, кој е минималистички и тренди, е и посебниот ѓердан со портокалово срце, по повод 20-годишнината од фондот на Обединетите нации за крај на насилството против жените.

Достапен е и онлајн а повеќе можете да видите на сајтот на SeeMe и на Инстаграм профилот.

Објавено:
8 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
284 пати