Зошто ПЕТА подарува крзно?

24 декември 2013

Организацијата за заштита на животните ПЕТА, почна да подарува крзнени капути на најсиромашните, нагласувајќи дека носењето крзно може да се оправда само ако е нужна потреба. Огранокот на оваа организација во Детроит, кој е еден од најсиромашните градови во Америка, каде сега температурите се многу ниски, ги стимулираат сите оние што поседуваат природно крзно да го подарат на оние што навистина им е потребно.

 

ПЕТА отсекогаш има став дека само оние луѓе што се на работ на егзистенцијата и се мачат да преживеат, имаат прилика да носат крзно во таква алармантна состојба. Нека ова ви биде поттик и вие да донирате било каква облека во Црвениот Крст.

Објавено:
24 декември 2013
Категорија: 
Актуел