Зошто сите зборуваат за портретот на Меланија Трамп?

4 април 2017

Светските медиуми последниве 24 часа се занимаваат со официјалниот портрет на Меланија Трамп, како прва дама на САД.

Фотографијата е направена во Белата куќа, а госпоѓата Трамп е со прекрстени раце, во црно сако, и украсена црна панделка околу вратот, дизајн на брендот „Долче и Габана“. На едната рака носи голем дијамантски прстен, додека на другата е нејзиниот веренички, 25 каратен прстен. Зад неа се потпишува белгиската фотографка Реџина Мау, која долги години соработува со семејството.

„Почестена сум што можам да ја извршувам улогата на Прва дама и се радувам на работата во интерес на американскиот народ во наредните години“, вели Меланија во официјалното соопштение.

Постојат разни коментари околу нејзината поза и изглед на портретот. Едни велат дека изгледа гламурозно и прекрасно, додека на други токму таа гламурозност им пречи.

официјалниот портрет на Донал Трамп од јануари 2017

Дел од народот има забелешка и на тоа што фотографијата е претерано „испеглана“, па на лицето на Меланија не се забележува ниту една бора, ниту една „линија“.

Коментари имаше своевремено и за портретот на Мишел Обама. Неа пак ја критикуваа за тоа што носи црн фустан без ракави. Сепак, едноставноста на фустанот и тоа што одлучила да ги открие рацете и да се насмевне широко, значи дека сака да испрати порака на непосредност и отвореност, на личност што е забавна и пријателски расположена.

Од друга страна пак, Меланија ги прекрстува рацете, што се толкува повторно како гард и непристапност до Првата дама, која според некои е облечена како стјуардеса. Така поставените раце не се карактеристични за политички портрети. Тоа што има подзатскриена насмевка исто така може да се толкува како мистериозност, надменост и потсмев. Поддржувачите на семејството Трамп пак, ќе кажат дека изгледа авторитативно и со став.

официјалниот портрет на Мишел Обама за вториот мандат на Барак Обама

Портретот на Хилари Клинтон

портретот на Лара Буш

Портретот на Џеки Кенеди

Портретот на Ненси Реган

Кон кое и мислење да се приклоните, веројатно шегите на сметка на фотографијата на Меланија сепак ќе ве насмеат.

Твитер заедницата не мируваше, па позадината на фотографијата, позата и претераните ефекти ги инспирираа, а во продолжение погледнете и како:

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.909 пати