Зошто толку се зборува за соработката на Викторија Бекам и „Таргет“?

21 октомври 2016

Веќе некое време, модните медиуми зборуваат за соработката на Викторија Бекам и „Таргет“. Се типува на тоа какви парчиња ќе смисли дизајнерката овој пат, а да се во согласност со она што брендот инаку го презентира.

Но, оваа соработка привлече внимание и од друг аспект. Имено, ова ќе биде прва реализација на Бекам на детска облека.

Како што е најавено, ќе бидат направени 200 парчиња, за жени, девојки, но и девојчиња и бебиња. Колекцијата ќе биде презентирана на 9-ти април следната година.

Комбинациите ќе бидат носливи и впечатливи, со препознатливи принтови. Исто така, сета облека ќе биде достапна со сите големини, од XS до 3X, како и од парчиња за тукушто родени бебиња до ддевојчиња, тинејџерки.

Викторија има во план да ги продава сите селектирани парчиња преку нејзиниот сајт, но истите ќе им бидат достапни на купувачите и онлајн.

-Работејќи со „Таргет“ можам да допрам до поглем број жени. Не е само цената во прашање, туку и поради тоа што тие имаат и повеќе продавници, лоцирани насекаде низ Америка. Тоа се жени до кои јас претходно не сум можела да допрам во минатото, а секогаш кажувам дека сакам да ги направам сите жени да бидат најдобра верзија на себеси. Тоа не треба да бидат само луѓе кои можат да си дозволат одредена сума на пари, туку сите – изјави Бекам за „Бизнис оф Фешн“.

Цените ќе се движат од 6 до 70 долари, но повеќето парчиња ќе бидат под 40 долари.

Објавено:
21 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
706 пати