Ева Мендес прекрасна во новата кампања на New York & Company

20 март 2017

Само шест месеци по раѓањето на ќерката, Ева Мендес се појави во новата кампања на брендот New York & Company, за актуелната сезона.

Воедно, ова е и нејзино прво појавување во јавноста по паузата, а изгледа подобро од било кога.

Разиграна, пролетна и тренди кампања ја стави 43-годишната актерка во центарот на вниманието, како претставува повеќе од 100 различни парчиња од модната куќа.

Освен облека, колекцијата содржи и чевли, чанти и накит.

На прашањето зошто прифатила после паузата токму за овој бренд да се појави, Менедес вели:

За мене беше многу важно пролетната колекција да содржи нешто во што ќе се пронајде секоја жена, без оглед на нејзиниот стил или конфекциски број. Се надевам дека понатамошниот развој на брендот ќе им помогне на жените да најдат нешто за себе, да најдат облека што ќе им помогне да се изразат себеси на најдобар можен начин – објаснува актерката. 

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Мода
Прочитано:
776 пати