Кој доминираше на Истаграм во 2016 година?

2 декември 2016

Многумина од вас веројатно мислат дека Кардашијан манијата е доминантна и на Инстаграм мрежата, но годишната листа покажува нешто сосема друго, дури и неочекувано.

Апсолутна Инстаграм кралица за 2016 година е Селена Гомез. Селена Гомез е личноста со најголем број следбеници на Инстаграм воопшто – 103 милиони слебеници.

Во медиуми се зборува и за тоа колку таа бројка е реална. Тоа би значело дека секој трет Американец ја следи оваа 24-годишна девојка. Односно, Селена на Инстаграм ја следи 1.5 проценти од вкупното голобално население, вклучувајќи ги и најмалите деца, притоа нејзината популарност во Пакистан, Нигерија и Бангладеш, три од 10-те најголеми држави, е под знак прашање.

Како и да е, таа бројка е официјална, а зад неа се нејзината најдобра другарка Тејлор Свифт со 93.6 милиони следбеници и Бијонсе со 88.9 милиони следбеници. Меѓу првите десест се и Кајли и Кендал Џенер (79.5 милиони, односно 68.9 милиони следбеници). Единствените мажи помеѓу 10-те со најголем број следбеници се Кристијано Роналдо со 82.3 милиони и Двејн Џонсон со 71 милион.

Таа е победничка и во категоријата артист со најмногу споменувања. Зад неа се „One Direction“, а на трето место е Бијонсе, а потоа Ријана, Аријана Гранде, „Twenty One Pilots“, Тејлор Свифт, Дрејк, „Cold Play“ и на десеттото место е Сиа. Џенифер Лопез е на дванаесеттото, а Канје веднаш зад неа. Мадона е 15-та на листата.

Селена Гомез има и најактивни обожаватели. Листата во оваа категорија изгледа вака:

  1. Selenators (Селена Гомез)
  2. Team Drake (Дрејк)
  3. Beyhive (Бијонсе)
  4. Arianators (Аријана Гранде)
  5. Harmonizers (Fifth Harmony)
  6. Little Monsters (Лејди Гага)
  7. Barbz (Ники Минаж)
  8. Swifties (Тејлор Свифт)
  9. Directioners (One Direction)
  10. Rihanna Navy (Ријана)
 

Младата пејачка е на првото место и во категоријата музичар со најмногу добиени следбеници во 2016 година.

  1.  Селена Гомез (@selenagomez) – Повеќе од 50 милиони следбеници
  2. Аријана Гранде (@ariangrande) – повеќе од 40 милиони следбеници.
  3. Тејлор Свифт (@taylorswift) – повеќе од  38.3 милиони следбеници
  4. Бијонсе (@beyonce) – повеќе од  37 милиони следбеници
  5. Ники Минаж (@nickiminaj) – повеќе од  29 милиони следбеници
  6. Кејти Пери (@katyperry) – повеќе од  25.1 милиони следбеници
  7. Мајли Сајрус (@mileycyrus) – повеќе од  24.3 милиони следбеници
  8. Деми Ловато (@ddlovato) – повеќе од 22 милиони следбеници
  9. Џенифер Лопез (@jlo) – повеќе од 20 милиони следбеници
  10. Џастин Тимберлејк (@justintimberlake) – повеќе од 18 милиони следбеници

Од 10-те најлајкувани Инста-фотографии, осум се повторно на Селена, а две на Кристијано Роналдо. Погледнете ги во продолжение:

 1. фотографија со 5.9 милиони лајкови

 

A photo posted by Selena Gomez (@selenagomez) onJun 25, 2016 at 2:03pm PDT

 

 2.  фотографија со 4.2 милиони лајкови

 

A photo posted by Selena Gomez (@selenagomez) onAug 15, 2016 at 4:58am PDT

 

3.  фотографија со 4 милиони лајкови

 

A photo posted by Selena Gomez (@selenagomez) onJun 22, 2016 at 11:56am PDT

 

4.  фотографија со 3.9 милиони лајкови 

 

A photo posted by Selena Gomez (@selenagomez) onApr 9, 2016 at 7:24pm PDT

 

5. фотографија со 3.9 милиони лајкови

 

A photo posted by Selena Gomez (@selenagomez) onAug 1, 2016 at 9:00am PDT

 

6. фотографија со  3.6 милиони лајкови

 

A photo posted by Cristiano Ronaldo (@cristiano) onJul 10, 2016 at 11:59pm PDT

 

7.  фотографија со 3.6 милиони лајкови

 

A photo posted by Selena Gomez (@selenagomez) onAug 15, 2016 at 5:40am PDT

 

8.  фотографија со 3.3 милиони лајкови

 

A photo posted by Selena Gomez (@selenagomez) onAug 6, 2016 at 9:53pm PDT

 

9.  фотографија со 3.2 милиони лајкови

 

10.  фотографија со 3.2 милиони лајкови

 

A photo posted by Selena Gomez (@selenagomez) onJun 4, 2016 at 8:49pm PDT

 

Објавено:
2 декември 2016
Категорија: 
Мода
Прочитано:
1.412 пати