10 нови гламурозни тоалети од „Балман“

3 февруари 2018

Во пресрет на „Оскарите“, младиот дизајнер Оливие Рустенг, уметничкиот директор на „Балман“ лансираше нова мини колекција од 10 тоалети создадени токму за црвениот килим.

Капсулната колекција го носи името „4 François Premier“, а инспирацијата ја наоѓа во работата на Пјер Балман. Називот на колекцијата е всушност адресата каде што Балман го отворил своето прво ателје за couture креации во Париз.

Рустенг вели, се одлучува на ваков чекор токму поради побарувачката на неговите клиенти.

„Брендот веќе долго време одлично котира и побарувачката за креации за посебни пригоди е сè поголема. Сфатив дека ова е идеален момент да се обидам да создадам нешто малку поинакво и да се нурнам во архивата на Пјер Балман, која секако е мошне инспиративна“, потенцира дизајнерот за „Вог“.

Десетте фустани се обединети со епитетот гламурозна елеганција. Влабоки деколтеа, кроеви што ѝ ласкаат на женската силуета, а сето тоа надополнето со детали од пердуви, тук, крзно... 

Оскарите се закажани за 4-ти март, а токму тогаш ќе видиме дали ѕвездите ги освоила оваа колекција на „Балман“. 

Во продолжение погледнете го целиот едиторијал со кој е претставена:

извор: fashionista.com; vogue.com; 

Објавено:
3 февруари 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
649 пати