Adelais London: Шехерезада од 1960-тите

8 јануари 2015

Adelais SS 2015

За нашата дизајнерка Бланка Бојовиќ, која живее и работи во Лондон веќе имавте можност да прочитате повеќе низ нашите содржини. Нејзиниот бренд Adelais London сè повеќе се развива, па таа ексклузивно за нашиот портал одлучи да ја презентира и најновата колекција на лежерна облека.

Концептот, како и секогаш е модерен изглед на свилените парчиња, какви што некогаш носеле дивите од филмовте. Инспирирана најчесто од тоалетите на стариот Холивуд, Бланка се води и од онаа добро позната мисла на Шанел: „Луксузот мора да е удобен, во спротивно, не е луксуз“. Токму тоа сака да го овозможи и во оваа најнова колекција за пролет-лето, инспирирана од Шехеразада, но во 1960-тите години.

Adelais SS 2015

Од парчињата може да се забележи доминантно присуство на млечно бела боја, како и златна и сива нијанса, а особено е интересно и значајно што во оваа колекција има парчиња со принт со потпис на дизајнерката, наречен како Adelais Nebula.

Adelais SS 2015

За потсетување, по завршувањето на Моден дизајн и текстилен менаџмент во Лондон, Бланка Бојовиќ остварува практиканска работа за повеќе нови брендови, по што одлучува да започне со работа под своја етикета. Adelais London започна со работа во 2013-та година, а ова е нејзина трета колекција до сега.

Во продолжение погледнете го лукбукот за парчињата што веруваме дека ќе ѝ се допаднат на секоја жена која сака да ужива во секој момент во домот.

Објавено:
8 јануари 2015
Категорија: 
Колекции