Дека Алберта Ферети добро знае што сакаат жените и секогаш лансира колекции кои се ултра носливи и барани, докажа и на вчерашната презентација на новата колекција за следната пролет во рамки на Модната недела во Лондон.

 

Она што сите го забележаа е дека покрај тоа што парчињата беа фантастични, истите овојпат беа помалку комерцијални и наменети за секаков вид клиенти.

Дел од колекцијата беа и тренди палта со џебови кои се хит во моментов, женствени кошулки без ракави изработени од тантела, широки панталони со ремени на половината, тантелни комбинезони, тексас здолништа, свилени slip фустани, многу романтични парчиња и што уште не.

Подеднакво прекрасни беа и модните додатоци како рамните сандали, сламените чанти, впечатливите ремени, волуменозните ранци и торби.

Што се однесува до палетата на бои, дизајнерката внесе неверојатна свежина одбирајќи бледо жолта, бела, магична сина, крем, зелена и секако, сосема за крај, неизбежната црна за специјални пригоди.

Нејзините магични парчиња погледнете ги погоре во галеријата.

Објавено:
20 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
258 пати