Алиса во земјата на чудата – магична детска колекција од Манго

27 април 2016

Една од омилените детски приказни „Алиса во земјата на чудата" е појдовната инспирација за едиторијалот за новата, преслатка детска колекција на шпанскиот бренд Манго.

Токму како и авантурите на Алиса во чудесната земја на фантазијата, пролетната детска колекција е полна со магија во пастелни бои.

За девојчињата Манго понуди романтични фустанчиња од тантела во пастелни тонови, комбинации на бермуди и маички, џемперчиња и здолништа, додека за момчињата памучни блејзери, кошулки комбинирани со пеперутки-машни и панталони во пролетни бои.

 

 

Објавено:
27 април 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
750 пати