Armani Prive: Софистициран сексапил за модерните дами

16 август 2019

Брендот „Armani Prive“ беше дел од модната недела за Висока мода. Џорџо Армани ја претстави колекцијата за претстојната сезона, есен 2019 година.

Како што и се очекуваше, остана доследен на својата софистицираност, но внесе и доза на сексапил.

Ревијата ја отворија неколку црно-бели комбинации со долги, лежерни палта. Кај ваквите класични комбинации на бои, односно нијанси, речиси и да нема утка.

Во колекцијата дизајнерот вметнува и точкест принт, посебно актуелен неколку сезони наназад. Освен тоа, забележливо е доминантното присуство на тулот, како и транспарентните ткаенини и парчиња создадени од специфични ткаенини, рачно плетени во комбинација со елементи од синџири.

Токму транспарентноста придонесува за софистицираниот сексапил на модерната, професионална жена на Армани.

Освен црно-белите комбинации, тој се служи и со пастелно розови односно минт нијанси и шеќерни нијанси. Мрежата и металик материјалите придонесуваат за сјајот во колекцијата.

Крајот на ревијата е резервиран за долгите фустани токму во такви нијанси, со широки карнери и повторно тулот како најприсутен материјал. Со ова дизајнерот ја покажува и романтичната страна и прави спој на сето она што жената преставува - женственост, софистицираност, моќ и нежност.

Уверете се и сами:

Објавено:
16 август 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
4.690 пати