Артистичен омаж на британската култура во машката колекција на Барбери

9 јануари 2014

Во својата машка колекција за следната зима, креативниот директор на Барбери, Кристофер Бејли исто толку создава омаж на британската култура колку што и ги изнесува видливо на тапет своите дизајнерски вештини.

Секое парче во колекцијата тематски насловена „Сликарско патување“ го носи духот на Лондон. Елементи и принтови од барокната фасада на катедралата Свети Павле фронтално се аплицирани на џемперите, додека свилените марами и кошули се испринтани со мапи од градот во портокалови, зелени, сини и вилолетови тонови.

Културното навраќање на се она што го дефинира британскиот идентитет, финишираше со модели кои на себе носеа шкотски плетени шалови кои безмалку наликуваа на топли ќебиња.

Сите овие елементи, Белеј успеа да ги синхронизира во модернистичка колекција со артистичен и романтичен предзнак.

 

 

 

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Колекции